„Повеќе од 100 војници на специјалните сили на САД се подготвуваат заедно со нашите експерти за логистика, што значи дека нема да помине долго пред да пристигнат останатите војници“, изјави романскиот министер за одбрана, Василе Динчу во врска со американските војници во Романија кои се испратени за да ја заштитат Источна Европа од потенцијалното прелевање на украинската криза
Првите американски сили пристигнаа во Романија како засилување на НАТО сојузниците во источното крило, откако Русија постави илјадници војници долж украинската граница, изјави денеска романскиот министер за одбрана Василе Динчу.
„Повеќе од 100 војници на специјалните сили на САД се подготвуваат заедно со нашите експерти за логистика, што значи дека нема да помине долго пред да пристигнат останатите војници“,
рече Динчу, појаснувајќи дека првите 100 американски војници се во Романија и се ангажирани во логистика.
САД испраќаат близу 3 000 дополнителни војници во Полска и Романија за да ја заштитат Источна Европа од потенцијалното прелевање на украинската криза, јави Хина.
Соединетите Американски Држави во моментов имаат околу 900 војници во Романија, членка на НАТО од 2004 година, која има и систем за одбрана од балистички проектили, при што дел се од силите на НАТО, а дел се таму под посебни билатерални аранжмани.