Од починатите, 18 лица ја загубиле битката со ковид во изминатото деноноќие, а три се со датум на смрт од 3 до 5 февруари. Од вкупниот број на починати лица (n=21), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 18 лица се регистрирани коморбидитети

Во последните 24 часа направени се 2 790 тестови, а регистрирани се 690 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здраво.
Процентот на позитивни од вкупниот број на тестирани е околу 25 отсто. Од вкупниот број на позитивни (690), регистрирани се 94 реинфекции.
Новите случаи се во: Скопје – 490, Кавадарци – 42, Куманово – 26, Струмица – 25, Штип – 20, Гостивар и Охрид – по 15, Велес и Неготино – по 9, Битола – 8, Тетово – 6, Прилеп и Гевгелија – по 4, Кичево, Кочани и Дебар – по 3, Струга – 2, Радовиш, Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Кратови и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 676 оздравени пациенти од: Скопје – 460, Прилеп – 67, Тетово – 33, Струмица и Охрид – по 24, Гостивар – 21, Кочани – 14, Струга – 10, Штип – 6, Македонски Брод – 3, Гевгелија, Радовиш, Виница, Кратово и Богданци – по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 12 починати лица од Скопје (65г, 66г, 69г, 70г, 71г, 73г, 73г, 76г, 79г, 87г, 88г и 89г), 2 починати лица од Охрид (79г и 85г), и по едно починато лице од Гостивар (84г),Струга (78г) Куманово (66г) и Битола (83г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 3 починати лица: Охрид (1), Струмица (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 43г до 68г. Од пријавените лица две лица се починато во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 – 05.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=21), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 18 лица се регистрирани коморбидитети. Активни се 12 317 случаи
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278 872, бројот на оздравени пациенти е 257 956, на починати е 8 599, а бројот на активни случаи изнесува 12 317.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 12 7779, Активни 6 500
- Куманово 15 330, Активни 553
- Битола 13 325, Активни 790
- Прилеп 13 025, Активни 363
- Тетово 12 767, Активни 423
- Кавадарци 9 443, Активни 560
- Гостивар 9 022, Активни 261
- Велес 8 759, Активни 343
- Охрид 8 187, Активни 291
- Штип 7 679, Активни 173
- Струмица 7 516, Активни 321
- Кичево 5 082, Активни 186
- Кочани 4 772, Активни 152
- Струга 4 481, Активни 117
- Гевгелија 3 935, Активни 197
- Неготино 3 347, Активни 199
- Свети Николе 2 516, Активни 95
- Ресен 2 445, Активни 114
- Радовиш 2 360, Активни 121
- Крива Паланка 2 259, Активни 70
- Делчево 1 826, Активни 71
- Берово 1 657, Активни 13
- Дебар 1 532, Активни 31
- Валандово 1 429, Активни 88
- Виница 1 318, Активни 31
- Пробиштип 1 266, Активни 17
- Богданци 936, Активни 76
- Кратово 900, Активни 28
- Крушево 830, Активни 16
- Демир Хисар 791, Активни 28
- Македонски Брод 659, Активни 31
- Македонска Каменица 515, Активни 21
- Демир Капија 508, Активни 21
- Пехчево 439, Активни 10
- Дојран 237, Активни 6