Според последните статистики на Институтот за јавно здравство на Белгија, изминатата недела бројот на заразени со ковид-19 опаднал за 37 отсто. Иако бројот на починати и хоспитализирани останува прилично висок, в петок се очекува владата да прогласи олабавување на мерките
Белгискиот владин комитет ќе се состане в петок за да одлучи за идните антиковид-мерки, а со оглед на намалениот број на инфекции, се очекува олабавување на рестрикциите.
Според последните статистики на Институтот за јавно здравство на Белгија, изминатата недела бројот на заразени со ковид-19 опаднал за 37 отсто. Иако бројот на починати и хоспитализирани останува прилично висок, в петок се очекува владата да прогласи олабавување на мерките.
Веќе неколку недели повеќе министри во Белгија повикуваат на олеснување на рестрикциите, како поради намалувањето на бројот на заразени така и поради тоа што бранот од омикрон е полесен и помалку смртоносен од претходните, а болниците се справуваат со притисокот без поголеми тешкотии.
Сепак, ќе треба да се почека до петок за да се знае со сигурност дали се оди кон олабавени мерки.
Засега ситуацијата е помалку строга од претходните ковид-бранови, но рестрикции има уште во угостителството како и во културниот сектор. Одредени министри истакнаа дека сакаат веќе овој петок повторно да се отворат дискотеките кои се затворени од крајот на изминатата година.