Холандија со голем број заболени не забележа смртни случаи поради ковид-19, Германија имаше десет смртни случаи, Австрија која воведе задолжителна вакцинација – 11, и Шведска, Шпанија, Португалија и Данска имаат околу дваесет смртни случаи на милион жители во последните седум дена. Тоа се сите земји со висока стапка на вакцинација, што очигледно дава резултати, наведува Јутарњи лист
Хрватска во изминатите седум дена беше прва по бројот на починати од коронавирусот во земјите на ЕУ со 73 смртни случаи на милион жители, а по неа е Бугарија со 68 смртни случаи на милион жители, објави „Јутарњи лист“.
Тоа било пресметано на 4,1 милион жители, а ако се смета според податоците од последниот попис, односно 3,88 милиони, бројката би била уште полоша.
Ова ги потврдува погрешните сфаќања за помалата опасност од новиот вид.
Минатонеделните податоци на Централниот завод за статистика дадоа и реална слика за последиците од коронавирусот во Хрватска во изминатите две години, бидејќи само во 2021 година починале 63 611 лица или 12 000 повеќе отколку во годината пред епидемијата.
Институтот нагласува и дека од март 2020 година, кога започна пандемијата, до декември 2021 година, бројот на починати е зголемен за 16,9 отсто во однос на петгодишниот просек за тој период, односно за 16 146 повеќе хрватски државјани починале.
Според привремените податоци на Статистика, минатата година во Хрватска починале 31 724 мажи и 31 887 жени. Тоа значи дека споредено со годината пред епидемијата, починале 6 372 мажи и 5 445 жени повеќе, што секако е последица на пандемијата која трае повеќе од две години.
„Сепак, тие црни бројки можеа да бидат значително помалку фрустрирачки доколку граѓаните на Хрватска беа вакцинирани како граѓани на повеќето земји од ЕУ“,
оценува Јутарњи лист.
Бројот на починати во последната недела го потврдува тоа, па така, на пример, Холандија со голем број заболени не забележа смртни случаи поради ковид-19, Германија имаше десет смртни случаи, Австрија која воведе задолжителна вакцинација – 11, и Шведска, Шпанија, Португалија и Данска имаат околу дваесет смртни случаи на милион жители во последните седум дена. Тоа се сите земји со висока стапка на вакцинација, што очигледно дава резултати, наведува Јутарњи лист.