Во ценовниот има различни суми, од фотосесија, до присуство на вечера кои се движат од пет до 100 илјади долари
Поимотните поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп можат да закажат вечера со него за суми кои достигнуваат и до 250 000 долари, а собраните пари ќе бидат вложени во неговата кандидатура за претседателските избори, пишува Гардијан.
Trump charges $250,000 for midterms forum – to boost his own Super Pac https://t.co/zEujOlX8kQ
— Political Cartoonist (@HENRY30126252) February 5, 2022
Акцијата за собирање пари, наречена „Форум на кандидати за враќање на Конгресот“, е закажана за 23 февруари на имотот на Трамп во Палм Бич, Флорида, пишува британскиот весник.
Организацијата која собира пари за неговата кандидатура супер ПАЦ испрати покани до сите потенцијално заинтересирани.
„Иако на настанот ќе присуствуваат републикански кандидати за Конгресот, собраните пари ќе бидат искористени исклучиво за супер ПАЦ на Трамп“,
пишува Гардијан.
За 250 000 долари (125 000 по лице), двојките можат да закажат приватна вечера со Трамп, да се фотографираат со него и да останат две ноќевања на неговиот имот на Флорида.
За 100 000 долари тие добиваат фотосесија со Трамп, но ќе вечераат со поддржани кандидати за Конгресот, а не со поранешниот претседател.
За 50 000 долари гостите ќе добијат вечера, фотографија со поддржани кандидати, а за 5 000 долари се добива само присуство на вечера, додава Гардијан.