Недостигот од здравствен персонал е една од причините за одлуката на израелското Министерство за здравство да им дозволи на заразените со варијантата омикрон наместо за десет дена, од изолација да излезат по една седмица, под услов во претходните три дена да немале никакви симптоми
Израел регистрираше рекорден број сериозни случаи на ковид-19, покажаа официјалните бројки објавени во саботата.
„Вкупно 1 229 пациенти се хоспитализирани поради тешка форма на ковид, што е најголем број од почетокот на пандемијата“,
соопшти Министерството за здравство.
Досега најголем број тешки хоспитализации имало на 26 јануари 2021 година – 1 185 такви пациенти.
Израелските болници се борат со пренатрупаност, но во исто време, постојат знаци дека бранот на варијантата омикрон во Израел се намалува.
Во понеделник дополнително треба да се ублажат мерките за борба против ширењето на коронавирусот во земјата.
Според Министерството за здравство, за 24 часа се пријавени 37 985 нови случаи.
Најголемиот број беше на 23 јануари, кога Израел имаше повеќе од 85 000 нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата.
Недостигот од здравствен персонал е една од причините за одлуката на израелското Министерство за здравство да им дозволи на заразените со варијантата омикрон наместо за десет дена, од изолација да излезат по една седмица, под услов во претходните три дена да немале никакви симптоми.
Минатиот месец речиси 4 900 здравствени работници во Израел се во карантин, од кои 690 лекари и 1 282 медицински сестри
Израел, кој е лидер во светот во вакцинацијата во првите бранови на пандемијата, Израел го усвои мотото „Живеење со Ковид“ неколку месеци пред доаѓањето на омикрон варијантата на коронавирусот.