Осум изборни единици во согласност со границите на регионите, секоја со променлив број пратеници во зависност од бројот на гласачи, отворени листи, гласање на иселениците…
Алијанса за Албанците денеска преку соопштение се изјасни во врска со поднесените измени во Изборниот законик.
Од оваа парламентарна партија која во Собрнието има осум пратеници велат дека се за реформирање на изборниот систем, за порепрезентативни институции и поблиски до граѓаните и дека сегашниот изборен систем не го почитува универзалниот принцип на еднаквост на глас и не ја претставува праведно волјата на народот изразена на изборите, поради постојаните проблеми со нееднаквоста на гласачите помеѓу изборните единици.
Тие имаат три суштински барања:
„Поделба на државата на осум изборни единици во согласност со границите на регионите, секоја со променлив број пратеници во зависност од бројот на гласачи, организирање на изборите со отворени листи и гарантирање и проширување на избирачкото право на иселениците, кои треба да гласаат за списоците што се водат во изборната единица во којашто тие имаат постојано живеалиште во државата“,
се вели во соопштението.