Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност и Единицата за брзо распоредување во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат синоќа затвориле угостителски објект во скопското село Грчец.
Министерството за внатрешни работи информира дека во објектот констатирани се низа неправилности во работењето: угостителскиот објект нема регистрирано правно лице-фирма, немало регистриран фискален апарат, не биле почитувани мерките за справување со Ковид 19, поради што од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е запечатен и изречени се соодветни глоби.
Извршен бил и преглед на 40 лица и констатирано е присуство на тројца малолетници, a приведено е едно лице кај кое е пронајден нож.
За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци, додаваат од МВР.