Во денешниот ковид-билтен има 1 493 позитивни случаи, од кои 191 се реинфекција и една втора реинфекција
За уште 39 смртни случаи како последица на ковид-19 извести денеска Министерството за здравство, со што вкупната бројка на починати од почетокот на епидемијата во земјава стигна до 8 533.
Во текот на изминатите 24 часа, пријавено е 31 починато лице: седум од Скопје (64г, 68г, 69г, 72г, 73г, 74г и 79г), пет починати лица од Куманово (60г, 65г, 71г, 77г и 78г), по три починати лица од Охрид (74г, 75г и 84г) и Струмица (58г, 73г и 75г), по 2 починати лица од Тетово (65г и 83г), Прилеп (79г и 84г) и Битола (75г и 79г) и по едно починато лице од Струга (72г), Пробиштип (63г), Кавадарци (78г), Крива Паланка (76г), Кичево (74г), Гостивар (75г) и Виница (67г). Сите починале во болнички услови.
Дополнително се пријавени осум починати лица во периодот од 26 до 31 јануари: Кичево (2), Штип (1), Скопје (1), Делчево (1), Куманово (1), Струга (1) и Гевгелија (1). Починатите се на возраст од 63г до 82г. Двајца починале во болнички услови, а другите шестмина дома.
Од вкупниот број на починати лица (n=39), седум биле целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.
Во изминатите 24 часа се направени 4 986 тестови, а регистрирани се 1 493 нови случаи на ковид-19: Скопје – 720,
Битола – 90,
Куманово – 87,
Кавадарци – 72,
Тетово – 54,
Струмица – 44,
Прилеп – 43,
Велес – 41,
Охрид – 40,
Штип – 32,
Гостивар – 31,
Свети Николе – 25,
Неготино – 24,
Гевгелија – 23,
Кичево и Струга – по 19,
Ресен и Радовиш – по 16,
Кочани и Валандово – по 13,
Богданци – 11,
Македонски Брод – 10,
Крива Паланка – 9,
Демир Хисар – 8,
Дебар, Виница и Кратово – по 5,
Берово, Крушево и Македонска Каменица – по 4,
Делчево – 3,
Демир Капија – 2,
Дојран – 1.
Од вкупниот број на позитивни (1 493), регистрирани се 191 реинфекции и една втора реинфекција. Регистрирани сe 2 652 оздравени пациенти:
Досега во земјата се направени вкупно 1 808 494 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 275 637, бројот на оздравени пациенти е 254 340, а бројот на активни случаи изнесува 12 764, од кои повеќе од половина (6 834) се во Скопје, додека во другите градови моментно нема четирицифрени бројки на заразени.
Следни градови според бројките на заразени се Битола (со 964 активни случаи), Куманово (499), Прилеп (486), Кавадарци (474)… Најмалку активни случаи (пет) има моментно во Дојран.