Средбата најверојатно ќе се одржи утре, кога премиерот исто така има состанок и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
Премиерот Димитар Ковачевски попладнево требаше да се сретне со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, но средбата е одложена, најверојатно за утре, јави дописничката на МИА од Брисел.
Според информациите на МИА, средбата е одложена од семејни причини од страна на претседателот на Европскиот совет. Од Советот додаваат дека се прави сè да се најде нов термин за средба со македонскиот премиер.
Средбата најверојатно ќе се одржи утре, кога Ковачевски исто така има состанок и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Вечерва премиерот Ковачевски ќе се сретне со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
Ковачевски ја предводи владината делегација во дводневна посета на Брисел која е прва официјална посета откако тој ја презеде премиерската функција. Утрово тој се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со кого одржаа и прес-конференција.
EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK