Земјотресот бил со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала, а е почувствуван од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
Уште еден земјотрес е регистриран рано изутрината во во 3 часот и 22 минути по полноќ, во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, по двата земјотреси што го погодија ова подрачје синоќа.
Земјотресот бил со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала и интензитет од од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а е почувствуван од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Два земјотреса беа регистрирани и синоќа во Охридско-струшкиот регион. Првиот земјотрес бил во 21 часот и 7 минути со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а вториот во 21 часот и 26 минути со магнитуда од 2,6 според Рихтеровата скала и интензитет од III-IV степени.