Од смртните случаи, 22 се регистрирани во изминатото деноноќие, додека четири случаи се со датум на смрт од 26 и 27 јануари. Од вкупниот број на починати лица, 14 лица биле целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети

Во последните 24 часа се направени 3 197 теста, а регистрирани се 711 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. Според овие податоци, 22 отсто од тестираните изминатото деноноќие биле позитивни.
Од вкупниот број на позитивни (711), регистрирани се 84 реинфекции.
Новите случаи се во: Скопје – 505, Кавадарци – 30, Струмица – 26, Куманово – 25, Охрид – 21, Битола и Штип – по 17, Прилеп – 12, Струга и Гевгелија – по 9, Тетово – 7, Велес – 5, Гостивар, Неготино и Богданци – по 4, Делчево – 3, Кочани, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Регистрирани се 7 170 оздравени пациенти од: Скопје – 3.633, Битола – 602, Куманово – 309, Кавадарци – 284, Прилеп – 230, Тетово – 191, Охрид – 177, Штип – 175, Велес – 174, Гевгелија – 159, Струмица – 147, Гостивар – 134, Кичево – 120, Кочани – 98, Ресен – 94, Радовиш – 88, Неготино – 87, Струга – 86, Делчево – 65, Валандово – 56, Свети Николе – 51, Богданци – 31, Демир Хисар – 29, Крива Паланка – 28, Крушево – 25, Македонска Каменица – 18, Пробиштип – 17, Берово – 16, Дебар – 10, Виница – 8, Демир Капија, Македонски Брод и Кратово – по 7, Дојран – 4, Пехчево – 3.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 10 починати лица од Скопје (49г, 52г, 59г, 62г, 67г, 68г, 70г, 71г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Гевгелија (67г и 75г), Охрид (79г и 86г) и Струга (73г, и 74г) и по едно починато лице од Битола (84г), Делчево (75г), Кичево (86г), Кратово (29г), Неготино (56г) и Струмица (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица: Кичево (2), Валандово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 56г до 81г. Пријавените лица се починати во домашни услови, во период од 26.01.2022-27.01.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=26), 14 лица биле целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.
Активни се 13 628 случаи: Каква е состојбата по градови
За разлика од вчера кога бројот на активни случаи беше над 20 000, со големиот број на пациенти кои се заведени како оздравени изминатото деноноќие, бројот на моментално активни случаи изнесува 13 628. Инаку, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268 901, бројот на оздравени пациенти е 246 864, а на починати е 8 409.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 122 491, Активни 7 120
- Куманово 14 850, Активни 606
- Битола 12 804, Активни 869
- Прилеп 12 751, Активни 417
- Тетово 12 409, Активни 436
- Кавадарци 8 994, Активни 652
- Гостивар 8 783, Активни 269
- Велес 8 469, Активни 375
- Охрид 7 942, Активни 271
- Штип 7 543, Активни 219
- Струмица 7 239, Активни 345
- Кичево 4 942, Активни 193
- Кочани 4 631, Активни 147
- Струга 4 375, Активни 128
- Гевгелија 3 768, Активни 291
- Неготино 3 191, Активни 238
- Свети Николе 2 442, Активни 116
- Ресен 2 368, Активни 157
- Радовиш 2 254, Активни 127
- Крива Паланка 2 214, Активни 90
- Делчево 1 770, Активни 88
- Берово 1 647, Активни 44
- Дебар 1 504, Активни 15
- Валандово 1 361, Активни 92
- Виница 1 292, Активни 49
- Пробиштип 1 255, Активни 22
- Богданци 881, Активни 80
- Кратово 880, Активни 22
- Крушево 821, Активни 20
- Демир Хисар 762, Активни 23
- Македонски Брод 639, Активни 32
- Македонска Каменица 498, Активни 17
- Демир Капија 492, Активни 26
- Пехчево 427, Активни 22
- Дојран 212, Активни 10