Ова го јавува репортерот на „360 степени“ од кумановското село Романовце, повикувајќи се на разговори со мештаните. Засега нема официјална потврда на оваа информација од полицијата
Тројцата загинати во експлозијата на плинска боца што денеска претпладне се случила во куќа во кумановското село Романовце, се малолетници. Ова го тврдат жители на селото.
Засега нема официјална потврда на оваа информација од полицијата. Од МВР велат дека работат на утврдување на идентитетот на жртвите.

Во експлозијата се повредени шест лица.
Местото на трагедијата во Романовце го обезбедува полицијата.
