Карантинот е поради контактот со претседателот на бугарското собрание Никола Минчев, кој од вчера е позитивен на ковид, а Петков и целиот државен врв присуствува на состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата Румен Радев
Бугарскиот премиер Петков на 18 јануари требаше да дојде во прва посета на Скопје. Ако се има предвид дека тој е во изолација, тогаш посетата се доведува во прашање, иако засега официјално нема информација ниту од бугарската владата ниту од нашето МНР, од каде што пред неколку дена и ја најавија посетата
Бугарскиот премиер Кирил Петков и шефицата на кабинетот Лена Бориславова се во карантин, објави 24 часа. Оваа информација, како што велат, им ја потврдиле од владата.
Карантинот е поради контактот со претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев кој од вчера е позитивен на ковид, а Петков и целиот државен врв присуствува на состанокот на Конуслтативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата Румен Радев.
Според правилата во Бугарија, за контакт се сметаат поминати најмалку 15 минути во близина на заразен со ковид во затворен простор. Состанокот вчера траеше повеќе часови и освен Петков присуствуваа и министерот за внатрешни работи и одбрана Бојко Рашков и Стефан Јанев и претставници на парламентарните партии.
Директорот на Регионалната здравствена инспекција на Софија, Данчо Пенчев, за БТА изјавил дека сите кои вчера учествуваа на состанокот кај Радев ќе се придржуваат до одредбите на законот и ќе бидат во изолација поради контактот со Минчев, пренесе 24 часа.
Бугарскиот премиер Петков на 18 јануари требаше да дојде во прва посета на Скопје. Ако се има предвид дека тој е во изолација, тогаш посетата се доведува во прашање, иако засега официјално нема информација ниту од бугарската владата ниту од нашето МНР, од каде што пред неколку дена и ја најавија посетата.
Претседателот на бугарското Народно собрание се почувствувал лошо по денешниот состанок на седницата на советот за национална безбедност, пишуваат бугарските медиуми и веднаш направил тест кој е позитивен.