Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 5,5 степени (првично беше 5,8), на 4 километри северноисточно од Лерин, на длабочина од 10 километри и категоризиран со четврти степен
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер вечерва во 22.43 часот (23.43 часот по локално време) го погоди регионот на грчкиот град Лерин.
Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 5,5 степени (првично беше 5,8), на 4 километри северноисточно од Лерин, на длабочина од 10 километри и категоризиран со четврти степен.

Според листата на земјотреси кои се почувствувани во последниов час во Европа, истиот регион, по овој од 5,5 степени, го погодиле уште два, со јачина од 3,5 и 4,8 степени според Рихтер.
