Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 5 990 тестирања, а регистрирани се 542 нови случаи на ковид 19. Од нив најмногу се во Скопје – 280, а следуваат Битола – 52, Охрид – 32, Кавадарци – 31, Прилеп – 28, Струмица – 20, Куманово – 13, Гевгелија – 11, Кичево – 9, Штип и Ресен по 8, Валандово – 7, Велес – 6, Струга и Неготино по 5, Тетово и Радовиш по 4, Кочани – 3, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија по 2, а во Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 298 оздравени пациенти од Скопје – 171, Битола – 19, Прилеп – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 8, Штип, Ресен и Гостивар по 7, Охрид и Гевгелија по 6, Крива Паланка и Богданци по 4, Кочани, Македонски Брод и Берово по 3, Кичево, Неготино, Радовиш и Демир Хисар по 2, Тетово, Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Виница по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица од кои три беа од Скопје (57г, 64г и 81г), две починати лица од Битола (46г и 80г) и по едно починато лице од Охрид (76г) и Прилеп (73г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.