Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) утре на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година.
На денешната подготвителна седница се претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба.
Се чекаат и забелешките што ќе бидат доставени во писмена форма од енергетските компаниии, кои ќе бидат разгледани на главната седница и ќе биде донесена конечната одлука.
Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената на електричната енергија.
Пред неколку дена вицепремиерот Фатмир Битиќи во интервју за МИА кажа дека поскапувањето нема да биде „како што некои сеат страв кај граѓаните“.
Претходно пак, министерот за економија Крешник Бектеши изрази уверување дека струјата нема да поскапи за повеќе од 10 отсто.