Од денеска се враќаат во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје кои беа укинати поради ковид-19.
Автобуси ќе има на 11 линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б, ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.
Од Град Скопје велат дека воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз.
„На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години“,
велат од Градот Скопје.