„Пиунот Ковачевски треба да се огради од криминалот на уценетиот Заев и да отвори случаи против Заеви за огромниог рекет“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ по изборот на новото раководство на СДСМ
Во СДСМ ништо не се менува. Составот на луѓе во раководството на СДСМ, е состав на луѓе кои направиле пакт со заевизмот. А, тоа ништо добро нема да и донесе на Македонија, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ откако беше избрано новото раководство на СДСМ.
„Пиунот Ковачевски треба да се огради од криминалот на уценетиот Заев и да отвори случаи против Заеви за огромниот рекет. Заеви се вмешани во најголемите криминали во Македонија. Бојан Јовановски го обвини Вице Заев дека земал рекет од тендерите во РЕК, шоферот на Трајче Заев беше фатен како шверцува дрога, семејните фирми им влегоа во бизнисот со марихуана и целата држава ја направија заложник на своите бизнис интереси“,
порача на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев се повлече од врвот на СДСМ за Димитар Ковачевски да ги покрие неговите траги, да нема истраги и да го легализира криминалот. За таа цел раководството на СДСМ е полно со кадри на заевизмот, тоа не се нови луѓе, туку стари и истрошени кадри на Заев, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски е продолжена рака на заевизмот. Димитар Ковачевски е човекот кој се поклонува на Заев и го надоградува заевизмот. Како заменик министер активно учествува во зголемување на историски највисокиот долг во државата, кој активно придонесува за инфлација и поскапување на цената на струјата. Човек кој лажеше дека е дипломец на Харвард каде завршил обичен курс и кој докторирал на сметка на државата додека неговиот татко е амбасадор во Црна Гора“,
рече Ковачки.