Лидерот на СДСМ вели дека партијата ќе продолжува да се демократизира и модернизира
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на социјалните мрежи соопшти дека на вечераниот ЦО на СДСМ ја добил довербата да биде мандатар на идната Влада.
„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на иднаата Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата. Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ“,
напиша Ковачевски, додавајќи дека партијата ќе се реорганизира.
„СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отоврена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, се додава во Фејсбук објавата на Ковачевски.