Од Град Скопје информираат и дека мерките стапуваат во сила веднаш и ќе траат се додека не се намали загадувањето

Во текот на изминатите два дена во Скопје повторно се дише нездрав воздуг, тоа го покажа извештајот на Министерството за животна средина и просторно планира, од каде информираа дека веќе два дена квалитетот на воздухот е надминат над законски пропишаниот минумум (над 150 μg/m3 среднодневни концентрации на ПМ10), во сите мерни станици во Скопје.
Како резултат на ова, од Град Скопје подготвија листа на мерки, предупредувања и препораки со цел да се влијае врз намалувањето на загаденоста на воздухот.
Мерките, односно препораките, но и предупредувањата кои ги доде Град Скопје се следниве:
– Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници
– Зајакнат инспекциски надзор на инсталациите под надлежност на Град Скопје
– Ограничување на градежни активности на објектите во надлежност на Град Скопје
– Интезивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.
– Зачестено машинско миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и препорака на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност.
– Зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје.
– Апел до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз.
– Градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла.
– Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9,30 до 14,30 и по 18,00 часот.
– Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции.
– Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација.
– Министерството за внатрешни работи да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот.
– Откажување/одложување на јавни собири, спортски настани и културни настани на отворено.
– Препорака градежната механизација да не се става во употреба за време на сообраќајниот метеж.
– Да се користи јавниот превоз, возилата да се користат само во непоходни ситуации.
– За затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинсо масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал.
– Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци.
– Печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.
– Редовно да се чистат оџаците.
Од Град Скопје информираат и дека мерките стапуваат во сила веднаш и ќе траат се додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар. Од Градот апелираат и хронично болните, бремените жени, како и постарите луѓе да ги ограничат своите активности надвор, се додека не се подобри состојбата со квалитетот на воздухот.