Ресорното министерство соопшти дека на мерните места во два последователни дена е надмината вредноста од 150 микрограми на кубен метар на суспендирани честички (ПМ 10) во амбиенталниот воздух

На мерните места во Скопје во Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат и во Струмица во изминатите два дена надминат е прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ 10), информира Министерството за животна средина и просторно планирање.
Тоа, како што појаснуваат, значи дека во два последователни дена е надмината вредноста од 150 микрограми на кубен метар на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ 10) во амбиенталниот воздух.
Според податоците, среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките во амбинеталниот воздух на 25 декември во Центар изнесувале 181,48, во Гази Баба 167,48, во Лисиче 221,27, кај Ректорат 186,38 и во Струмица 261,81 микрограми на кубен метар.
На 26 декември среднодневните концентрации во Центар биле 187,25, во Гази Баба 210,89, во Лисиче 267,66, кај Ректорат 204,04 и во Струмица 305,11 микрограми ПМ 10 честички на кубен метар.