Дежурниот медицински персонал брзо реагирал и дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија, информираа од Министерството за здравство
Пожар вечерва избувнал во Клиниката за пулмологија во Скопје откако пациент сместен во соба за кислородна поддршка ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара, информираше Министерството за здравство.
Пожарот настанал поради проток на кислород во собата, а пацинетот се здобил со помали изгореници на лицето и градите.
Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал и дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија.
„Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот“,
се вели во соопштението на Министерството за здравство.