Во гаснењето на пожарот учествувале шест возила и 19 пожарникари

Пожар избувнал ноќеска во бараката на ЈП „Улици и патишта“ во Скопје, а причина за тоа била експлозија на автомобил што бил паркиран до објектот и веќе е целосно изгаснат, потврдија за МИА од Противпожарната бригада на град Скопје.
Пријавата за пожарот била во 1:50 часот, а интервенирано е со шест возила и 19 пожарникари.
Иако пожарот е изгаснат, а противпожарна екипа превентивно сè уште е на терен.
Според сегашните информации, штетата сè уште се утврдува, а нема информации за повредени лица.