Во следните неколку недели, нагласи Клуге, новиот сој ќе стане доминантен во повеќе земји во Европа

Светската здравствена организација предупреди дека се подготвува уште една бура, опишувајќи го драматичното ширење на сојот омикрон низ Европа, јави ДПА.
„Откако беше идентификуван пред помалку од четири недели, сојот на коронавирусот беше откриен во најмалку 38 од 53 земји членки на Европскиот регион на СЗО“,
изјави регионалниот директор на ОН, Ханс Клуге, во Виена.
Многу прашања за oмикрон остануваат неодговорени, истакна Клуге, но веќе е познато дека варијантата стана доминантен вид во неколку земји, вклучително и Данска, Португалија и Британија, „каде што бројот на заразени со него се удвојува за еден и пол до три дена со голема брзина на пренос“.
Во следните неколку недели, нагласи Клуге, новиот сој ќе стане доминантен во повеќе земји во Европа, со што ќе се изврши притисок врз веќе погодените здравствени системи до крајна точка. Омикрон најверојатно ќе стане доминантен вид што циркулира во Европа, предупреди Клуге.
„Големиот обем на нови инфекции може да доведе до повеќе хоспитализации и масовни нарушувања во здравствените системи“,
вели Клуге.