Оваа година во Медитеранот се удавија околу 1 500 луѓе, а околу 31 500 беа пресретнати и вратени на копно
Повеќе од 160 мигранти се удавија во близина на либискиот брег обидувајќи се да стигнат во Европа преку Средоземното Море, соопштуваат Обединетите нации.
„Најмалку 102 мигранти се удавија откако се преврти дрвен чамец, а осуммина беа спасени и вратени на брегот“,
изјави денеска Сада Мсехли, портпарол на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Три дена подоцна, најмалку 62 мигранти настрадаа во одделен инцидент.
Оваа година во Медитеранот се удавија околу 1 500 луѓе, а околу 31 500 беа пресретнати и вратени на копно.
Трговците со луѓе превезуваат мигранти во преполни чамци, гумени или дрвени, кои често се превртуваат во Средоземното Море.
Мигрантите кои се враќаат на копно се испраќаат во центри за притвор каде што се малтретирани, тепани, силувани, изгладнувани и принудени да работат. Меѓународната организација за миграција (ИОМ), агенција на ОН, соопшти дека насилството во либиските притворни центри може да се опише како злосторство против човештвото.