Бериша во своето обраќање на протестот посочил дека целта на „Отворен Балкан“ е воспоставување на „српска хегемонија“

Попладнево во Тирана се одржа најавениот протест против иницијативата „Отворен Балкан“, кој е организиран од страна на албанската опозициска Демократска партија и поранешниот премиер Сали Бериша.
Премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ треба да бидат дел од дводневниот состанок за иницијативата за регионална соработка „Отворен балкан“ во Тирана, а токму тоа е и главната причина за протестот, поради што демонстрантите биле забележани како палат српски знамиња.
Демонстрантите носеле транспаренти со пораки напишани против иницијативата „Отворен Балкан“, претседателот Вучиќ, Рама и Џорџ Сорос.
Бериша во своето обраќање на протестот посочил дека целта на „Отворен Балкан“ е воспоставување на „српска хегемонија“.
„Денеска овде протестираат сите граѓани на Македонија, Косово, Босна, кои во ѓаволскиот проект гледаат обид на авантуристи да ја заменат берлинската иницијатива. Прочитајте го писмото што го испратија до Брисел. Никаде не станува збор за суверени народи, туку за народи во стариот југословенски концепт. Овој проект има за цел да воспостави српска хегемонија во регионот. Историјата докажа дека еден од најголемите неуспеси на Балканот, Европа и светот беше идејата за српска хегемонија на нашиот полуостров. додаде Бериша пред демонстрантите.
Изјавил Бериша, пренесува ТВ Клан.
Албанскиот премиер Еди Рама го осуди палењето на српските знамиња како и изјавите на Бериша, тврдејќи дека треба да им биде срам на сите кои денеска протестираа на улиците во Тирана.
„Нека се срамат тие што го направија ова, а не јас и мојата влада, кои имаат поддршка од Албанците да работат, да се развиваат, да не ги трпат последиците на старата албанска политика“,
истакна Рама.
Како што пренесуваат Албанските медиуми, учесниците на протестот, предводени од Бериша, се собрале пред седиштето на Демократската партија во Тирана, а потоа пешачеле до српската амбасада и до зградата на албанската Влада.