Заев пишува и дека новиот закон предвидува 50 отсто повисока дневница за работниците ангажирани во дејности кои поради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати

Правиме уште еден исчекор кон унапредување на работничките права и социјалната правда, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук откако во Собранието денеска се изгласани измени на Законот за работни односи, со кои од 1 јануари 2022 година недела станува неработен ден.
„Со ова законско решение се овозможува воспоставување рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот. Оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и помотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и социјален, што ги задоволува неговите потреби и потребите на неговите блиски. Им честитам на сите работнички и работници. Вие сте столбот на нашата економија и движечка сила на државата“,
напиша Заев на Фејсбук.
Заев пишува и дека новиот закон предвидува 50 отсто повисока дневница за работниците ангажирани во дејности кои поради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, 100 отсто повисока дневница за работа во недела за вработените во трговските центри, како и тоа дека 2 отсто од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови градинки.
„Со ова законско решение се овозможува воспоставување рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот. Оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и помотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и социјален, што ги задоволува неговите потреби и потребите на неговите блиски“,
се додава во статусот на Заев.
