Францускиот министер за здравство побара жителите дури и ако се вакцинирани, пред новогодишните собири да се тестираат оценувајќи дека омикрон варијантата се шири со молскавична брзина

Париз го откажа новогодишниот огномет и другите настани на Елисејските полиња, во согласност со новите владини мерки за спречување на ширењето на омикрон варијантата на коронавирус, објави телевизијата БФМ.
Францускиот премиер Жан Катекс во петокот ја соопшти одлуката за забрана на големи јавни настани и огномет за новогодишната ноќ и им препорача на жителите, дури и ако се вакцинирани, да направат тест за ковид-19 пред новогодишните забави.
Катекс денеска изјави дека омикрон се шири со молскавична брзина и дека најверојатно ќе стане доминантен во Франција до почетокот на следната година.
Франција вчера имаше 58 128 новозаразени, како и 162 смртни случаи.