Новите правила кои ќе стапат на сила од утре, ја забрануваат продажбата на алкохол во ресторани, барови и други услужни објекти со цел како што велат властите, да се спречи ширењето на омикрон
Норвешка ја забрани продажбата на алкохол во баровите и рестораните во обид да го спречи ширењето на сојот омикрон, откако бројот на заразени во земјата дрстично се зголеми.
Новите правила кои ќе стапат на сила од утре, ќе ја забранат продажбата на алкохол во ресторани, барови и други услужни објекти, а норвежаните се повикани и да работат од дома доколку е тоа можно.
„Стапката на зараза во Норвешка драстично се зголемува, а сега добивме нови сознанија за сојот омикрон и колку брзо може да се шири. Ние сме во сериозна ситуација“,
изјави премиерот Јонас Гар Сторе, додавајќи дека се потребни построги мерки за да се одржи контрола врз пандемијата.
Тој истакна дека „нема сомнеж оти новата варијанта ги менува правилата“, пред да признае дека новите мерки „за многумина ќе дејствуваат како заклучување, ако не на општеството, тогаш на нивните животи и средства за живот“.