Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета
Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Индонезија.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, а издадено е предупредување за цунами.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 112 километри северозападно од Ларантука, во источниот дел на индонезискиот остров Флорес, на длабочина од 12 километри.
Потресот бил почувствуван и во Макасар во јужниот дел на Сулавеси. По првиот, следеше земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала.
Алфонсо Хада Бетан, директор на Агенцијата за ублажување на катастрофи во Ларантука, рече дека нема непосредни извештаи за штета и дека земјотресот се чувствувал неколку минути додека луѓето ги напуштале своите домови.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами со седиште во САД соопшти дека земјотресите би можеле да бидат опасни за крајбрежните области на оддалеченост од 1 000 километри од епицентарот на земјотресот.
Индонезија се наоѓа во Пацифичкиот огнен прстен, област со висока сеизмичка активност, која се наоѓа на неколку тектонски плочи.