Британските власти инсистираат на вакцинација

Во Велика Британија, пријавени се уште 1576 случаи на варијантата омикрон, со што вкупниот број на заразени со овој сој се искачи на 4713. Вчера во таа земја беа регистрирани 1.239 нови случаи на омикрон. Досега едно лице починало како последицата на зараза со оваа варијанта на коронавирусот.
Премиерот Борис Џонсон рече дека новата варијанта резултирала и со приеми во болница. При посетата на клиниката за вакцинација во Лондон, тој инсистираше дека луѓето треба да ја „остават настрана идејата дека омикрон е поблага варијанта“.
„За жал, да, омикрон води до хоспитализација и, за жал, потврдено е дека најмалку еден пациент починал. Значи, мислам дека треба да ја оставиме настрана идејата дека ова е на некој начин поблага верзија на вирусот и треба да го препознаеме брзото темпо со кое се шири низ населението“,
вели Џонсон
Министерот за здравство Саџид Џавид изјави дека десет лица заразени со омикрон се хоспитализирани.
„Се шири со неверојатна брзина, нешто што досега не сме го виделе – бројот на инфекции се удвојува на секои два до три дена“,
рече Џавид за Скај њуз.
Пренуерит Џонсон вчера и се обрати на јавноста со претходно снимена изјава, откако во таа земја беше воведена вонредна состојба поради омикрон варијанта на вирусот. Тој повторно ги повика граѓаните масовно да се вакцинираат.
„Никој не треба да се сомнева дека ни пристигнува цунами од омикрони. Се плашам дека сега е јасно дека две дози вакцина едноставно не се доволни за нивото на заштита што ни треба на сите. Веднаш земете засилувачка доза од вакцината. Секој на возраст над 18 години во Англија ќе добие шанса да добие бустер доза пред Нова година“,
истакна Џонсон.