Експлозијата се случила на влезот на православната гимназија

Бројот на повредени во верското училиште во близина на Москва, каде порано денеска руски тинејџер активирал експлозивна направа порасна на 12, пренесуваат руските медиуми.
Во инцидентот бил повредено и 15-годишно момче, кое наводно се наоѓа во тешка здравствена состојба, пренесуваат руските агенции, додавајќи дека сите повредени се тинејџери.
Руското МВР соопшти дека бомбата ја подметнало 18-годишно момче, кој завршил училиште во Серпухов, кој се починал од повредите со кои се здобил од експлозијата.
Експлозијата се случила на влезот на православната гимназија, која се наоѓа во рамките на манастирот Серпухов.