За да ја урне власта, опозицијата мораше да обезбеди само еден глас од претставниците на владејачките партии
Црногорските опозициски партии се откажаа од иницијативата за гласање недоверба на владата на Здравко Кривокапиќ, непосредно пред почетокот на парламентарната седница, иако претходно тврдеа дека ќе имаат доволно гласови за соборување на владата.
Како што соопштуваат оттаму, причината за повлекувањето на иницијативата е најавата од владејачкиот Демократски фронт дека ќе поднесе иницијатива за скратување на мандатот на Собранието кое го објави во саботата. Од Демократскиот фронт (ДФ) најавија дека ќе им предложат на колегите од владејачкото мнозинство договор за кратење на мандатот на Собранието и организирање предвремени парламентарни избори.
„Сметаме дека без одлагање треба да почнат разговорите за формирање ново парламентарно мнозинство“,
се наведува во заедничкото соопштение од опозицијата.
Во предлогот за изгласување недоверба на владата од опозицијата, кој беше поднесен кон крајот на ноември, се вели дека Црна Гора е доведена во најголемата политичка и институционална криза во последните 30 години. За тоа најмногу придонела ситуацијата поврзана со статусот на Српската православна црква, за која тврдат дека има клучни лостови во црногорската влада.
За да ја урне власта, опозицијата мораше да обезбеди само еден глас од претставниците на владејачките партии
Претходно, во црногорските политички кругови се споменуваше можноста за формирање малцинска влада, која би ја поддржале претставниците на Обединетата реформска акција(УРА), на Дритан Абазовиќ, кои сега се дел од владејачкото мнозинство, а во која немаше да биде вклучена ДПС на Мило Ѓукановиќ.