По наодите на сведоците, во експлозијата се ранети вкупно седум деца, но вкупниот број на повредени сè уште се утврдува
Осумнаесетгодишен матурант од верско училиште во близина на Москва активирал експлозивна направа во објектот на училиштето, ранувајќи се себеси и најмалку уште еден тинејџер, наведуваат руските медиуми, а пренесува РСЕ.
Од московската регионална полиција велат дека момчето е осомничено оти бил бомбаш, заедно со тинејџерот кој е ранет во експлозијата.
Некои медиуми наведуваат дека тинејџерот бомбаш починал откако изгубил голема количина крв, но таа информација сè уште официјално не е потврдена.
По наодите на сведоците, во експлозијата се ранети вкупно седум деца.
Според зборовите на полициските службеници, наставниците и учениците од православното училиште се евакуирани, а точниот број на повредени се утврдува. Обвинителите се на местото на инцидентот, а истрагата е во тек.