Некои мерки, како што е задолжителното носење маски во јавниот превоз, продавниците и јавните установи, ќе останат во сила
Австрија в недела ќе ја прекине четвртата забрана за патување низ земјата, но не и за невакцинираните лица, изјави канцеларот Карл Нехамер.
Според него, крајот на таканареченото „заклучување“ ќе биде означен со внимателно отворање, што значи дека некои мерки, како што е задолжителното носење маски во јавниот превоз, продавниците и јавните установи, ќе останат во сила, а олеснувањата важат за вакцинираните и оние кои неодамна прележале ковид-19.
Рестораните нема да можат да работат по 23 часот, а на сила ќе остане ограничувањето на бројот на луѓе на културните манифестации.
Регионите кои се сериозно погодени од пандемијата на коронавирус ќе можат сами да воведат построги мерки.
Нехамер истакна дека невакцинираните луѓе можат веднаш да го „завршат карантинот“ со вакцинација и додаде дека разбира оти се чувствуваат навредени од мерките.
Австрија има релативно ниска стапка на вакцинација за Западна Европа, со само 67,7 отсто од населението кое е целосно вакцинирани.
Десетици илјади луѓе протестираа во последните недели низ Австрија поради забраната за движење и претстојната задолжителна вакцинација.
Владата минатиот месец најави дека ќе воведе задолжителна вакцинација на почетокот на следната година.
За време на забраната за движење, која стапи на сила на 22 ноември, на граѓаните им беше дозволено да ги напуштат своите домови само поради одредени причини, како што се купување намирници, одење на лекар или обука.
Градинките и училиштата останаа отворени за оние на кои им е потребна, но властите побараа од родителите да ги чуваат децата дома доколку имаат услови.
Просечниот седумдневен број на новозаразени на 100 000 жители е намален за околу 50 отсто од воведувањето на забраната за движење. Во вторникот беше 535 на 100 000 жители, што е за околу 1 100 помалку од првиот ден од карантинот.