Заменик-помошникот државен секретар на САД, Ескобар, претходно изрази силна поддршка за брза европска интеграција на Северна Македонија и соопшти дека работат со европските партнери за да се обезбеди тоа да се случи што е можно поскоро
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека нема намера да ги спушта очекувањата – во декември да има одлука за почеток на преговорите со ЕУ.
„Нам ни е таргет декември. Слушам во јавноста дека не требало да ги креваме очекувањата. Но јас немам намера да го спуштам интензитетот за започнување на преговорите. Јас ќе работам тоа да се случи до 14 декември, до крајот на словенечкото претседателство, а и потоа“,
изјави Османи одговарајќи на новинарски прашања, по изјавите со заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, во Скопје.
Ескобар претходно изрази силна поддршка за брза европска интеграција на Северна Македонија и соопшти дека работат со европските партнери за да се обезбеди тоа да се случи што е можно поскоро.