Бројот на активни случаи на ковид – 19 во С Македонија, според најновите информации од Министерството за здравство, изнесува 8 037. Најмногу активни случаи и натаму има во Скопје – 3 826. Следуваат Битола со 615, Прилеп со 417, Велес со 326, Охрид со 313 и Кавадарци со 302 активни случаи на ковид – 19.
Под 300 активни случаи има во Куманово – 257, Штип и Струмица по 161, Кочани – 159, Тетово – 152, Делчево – 134, Крива Паланка – 125 и Гевгелија – 119.
Градовите во кои има под 100 активни случаи се Берово со 95, Ресен со 88, Свети Николе со 81, Кичево со 74, Демир Хисар со 73, Струга со 70, Радовиш со 68, Македонска Каменица со 64, Валандово со 57, Неготио со 56, Кратово со 46, Виница со 40, Крушево со 35, Богданци со 31, Гостивар со 30, Пробиштип со 26 и Македонски Брод со 12 активни случаи.
Најмалку активни случаи на ковид – 19 има во Пехчево – 9, Демир Капија – 8, Дојран – 5 и во Дебар само два сктивни случаи.