Полицијата казнила 179 возачи кои под дејство на алкохол управувале со моторно возило. Зајакнатата акциска контрола била спроведена на териротија на целата држава во текот на изминатата ноќ од 23:00 до пет часот наутро.
Како што информираа денеска од МВР, од вкупно казнетите возачи 42 биле на територијата на СВР Скопје, 35 на територијата на СВР Битола, 29 на територија на СВР Тетово.
Полицијата информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.