ВМРО-ДПМНЕ упати предупредување и дека покрај овој проблем, граѓаните се соочуваат со ново поскапување на цените на струјата
Владата вчера донесе одлука за замрзнување на цените на основните производи до 31 јануари, а од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека тоа се случува откако претходно се случило покачување на цените.
„Одлуката за замрзнување на цените за ВМРО-ДПМНЕ е задоцнета. Владата ги замрзна цените откако се поскапи, инфлацијата го јаде стандардот. Замрзнувањето на цените требаше да се случи пред да поскапат производите во малопродажба“,
се вели во партиската реакција на опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ упати предупредување и дека покрај овој проблем, граѓаните се соочуваат со ново поскапување на цените на струјата.
„Според неофицијални информации АД ЕЛЕМ бара покачување од над 20%, а можно е уште поголемо покачување и како барање на МЕПСО. Само за еден месец заради недостатокот на струја се потрошија скоро 40 милиони евра, а трендот на трошење земајќи ја во предвид актуелната ситуација со енергетските капацитети ќе продолжи“,
обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.