На четворицата добитници за 2021 година наградата ќе им биде доделена на 8 декември во Собранието на С Македонија
На 8 декември во Собранието на С Македонија ќе им биде врачена државната награда „Свети Климент Охридски“ на четворицата добитници за оваа година во областа на образованието и културата.
Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, на седница одржана на 16 ноември, донесе одлука за доделување на државната награда за 2021 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Северна Македонија.
Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на професор д-р Ѓулумсер Касапи, универзитетски професор.
Во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на: Јован Павловски, писател, м-р Снежана Анастасова-Чадиковска, музички уметник, Елена Дончева, академски сликар – костимограф.