Од кабинетот на бугарскиот претседател соопштија дека разговорот бил на иницијатива на Заев
Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, заклучиле денеска во телефонски разговор бугарскиот претседател, Румен Радев, и македонскиот премиер, Зоран Заев.
За телефонскиот разговор извести кабинетот на Радев, посочувајќи дека тој бил на иницијатива на Заев или, како што се наведува, „разговорот го иницираше премиерот на нашиот југозападен сосед“.
Радев и Заев, како што се соопшува, разговарале за аспектите на билатералните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, „за ефективно почитување на правата на луѓето кои отворено се изразуваат како Бугари кај нашиот југозападен сосед“, како и за европската перспектива.