Според одлуката што ја донесе српската Влада, седиштето на конзулатот ќе биде во Чајетина
Српската Влада, на последната седница, донесе Одлука за давање согласност за отворање конзулат на Северна Македонија во Србија. Одлуката е објавена во „Службен весник“ на Србија, јави МИА од Белград.
Седиштето на конзулатот ќе биде во Чајетина кај Златибор.
„Се дава согласност за отворање конзулат на Република Северна Македонија во Република Србија, на чело со почесен конзул, со седиште во Чајетина и конзуларна област што ја опфаќа територијата на административната област на Златиборскиот управен округ“,
се наведува во одлуката на срската Влада.