Бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3,8 отсто, додека бројот на умрените лица во истиот период годинава бележи зголемување од 30,7 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020 година
Бројот на починати лица е за 2 144 поголем од бројот на новородени во третото тримесечје од 2021 година. Со тоа, природниот прираст изнесува -2 144.
Бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.8 отсто и изнесува 5 065, додека бројот на умрените лица во истиот период годинава бележи зголемување од 30.7 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 7 209 лицa, а од нив 14 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за природното движење на населението во Република Северна Македонија.
Бројот на склучените бракови, пак, во ова тримесечје од годината е за 11,7 проценти зголемен во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 4 398 брака, додека според податоците на Државниот завод за статистика, добиени се 480 извештаи за разводи.