Погледнете го финалниот сегмент од консултациите на четорите политички групации – потенцијални партнери во идната бугарска влада, на тема Република Северна Македонија. Ќе видите како на потенцијалниот премиер Кирил Петков и на вториот лидер од „Продолжуваме со промените“, Асен Василев, им е важно да вградат најава за „конструктивен пристап“, а Кристијан Вигенин од Бугарската социјалистичка партија инсистира на давање примат на задржувањето на досегашниот државен став
Четирите политички групации што преговараат за формирање нова влада во Бугарија изминатиот викенд ги усогласуваа ставовите на тема „надворешна политика“, вклучувајќи ги и релациите со Северна Македонија. Во дебатата што траеше повеќе од шест часа и во значаен дел беше посветена на односот кон земјава, се чини, дека новиот пристап што се најавуваше од потенцијалниот премиер Кирил Петков, како да беше потиснат од тврдите ставови на Бугарската социјалистичка партија, па и на партијата „Има таков народ“. На крајот, беше договорено дека ќе се зачува досегашниот државен став и дека тој ќе биде конструктивно надграден. Во видеото погоре е финалето од расправата и формулирањето на пристапот на потенцијалната нова влада во Софија кон Северна Македонија.