ДКСК поднесе иницијатива до Обвинителството пред повеќе од половина година, но, предметот е се уште во предистражна постапка. Така е, велат меѓу другото од истражниот орган, затоа што се работи за обемен материјал и период кој опфаќа мандати на двајца градоначалници
Сепак, антикорупционерите сметаат дека постапката се одолговлекува без потреба
На терен, почна градбата на првата висококатница на просторот спроти „Холидеј ин“, а на хартија инвеститорите чекаат одобрение на идејните проекти и за останатите две планирани кули.
Новиот градоначалник на Центар тврди дека ќе се бара начин за стопирање на планот, но, засега, без конкретна стратегија.

„Ќе ги употребиме сите правни механизми се со цел да заштитиме што повеќе јавен простор“,
вели Герасимовски.
Дел од советниците во Општината, пак, очекуваат итни решенија.
„Ова што почна може да го спаси сега општината ако реши да ги врати комуналиите и ако јавното обвинителство се произнесе со став“,
вели Белчева од „Шанса за Центар“.
И додека кај „Холидеј Ин“ почна да се гради и покрај обидите да се запре планот, спорна е друга атрактивна локација во Центар. Кај „Треска“, инвеститорите чекаат амин за градба, а Општината сака да ја намали површината на градбите со нов план преку архитектонско-урбанистичкиот конкурс.
Далии битката против градежната експанзија во Скопје дефинитивно капитулира?
„Ова е само доказ какви корени има корупцијата кај нас“,
вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска.
Удрени темелите на првата висококатница кај „Холидеј ин“, се чека „амин“ за другите

Пораз на сите заложби за ставање на ред во урбанистичкото планирање – вака го оцени дел од јавноста почетокот на изградбата на првата висококатница на просторот спроти „Холидеј ин“. Градењето тука почна минатата недела, откако по неколку години ветувања, СДСМ не најде начин да ги измени спорните урбанистички планови донесени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Патот за градба се отвори по падот на мораториумот донесен од Општина Центар, со кој беа замрзнати сите нови градби според Деталните урбанистички планови што отстапуваат од Генералниот урбанистички план за Скопје. Не успеаја ниту обидите за нивна суспензија – институциите, префрлајќи си ја топката, не докажаа штета по јавниот интерес.
А откако екс-градоначалникот Богдановиќ, сепак, стави потпис на дозволата за градба на првата кула кај „Холидеј ин“, „жешкиот костен“ сега е во раце на неговиот наследник.

вели Герасимовски.
„Ќе се состане советот, ќе слушаме предлози од страна на советници и можности дали има начин истата да се стопира, сега засега, бидејќи е правосилна одлуката, има платено комуналии и дозвола за градба и првата зграда законски може да се гради“,
Иако смета дека засега нема опција за стопирање на градбата, Герасимовски вели дека е отворен за предлози. Открива дека неодамна инвеститорите поднеле барање за одобрение на идејните проекти за останатите две кули, но уверува дека нема да даде „виза“ се додека не се произнесе Советот.
Од советничката група „Шанса за Центар“, која е клуч за мнозинството во Советот, сметаат дека веќе е изгубено драгоцено време.
вели Белчева.
„Мислам дека ова што се покажува, дека се чекаше да поминат локалните избори мирно, а после тоа да се почне со градење, е еден голем сигнал дека од старт се нема волја за поинаква политика во решавање на овој урбанистички хаос во кој живееме“,

Според Белчева, досега требаше да се стопира изградбата на првата зграда кај „Холидеј ин“ и да се донесе суспензија за останатите парцели, за кои стравува дека доколку инвеститорите ги окрупнат, ќе се отвори простор за нови градби. Му забележува на новиот градоначалник што не реагирал.
„Неговите можности беа да се запре додека обвинителстовто не даде клучен наод и да побара од обвинителството овој проект да биде со времена мерка запрен, додека не се доиспитаат сите наоди од кривичната пријава. А второ, мислам дека ние требаше да видиме со ребалансот на бучетот да видиме дали има средства во буџетот за да се вратат уплатените комуналии и да не дојде до реализација, тоа не се случи“,
вели Белчева.
Герасимовски, пак, смета дека враќањето на комуналиите не оди туку-така, бидејќи може да се предизвика и дополнителна штета врз буџетот. Едно се желбите, а друго законите, вели тој и очекува помош и од другите институции.
„Доколку се одлучи да се стопира и да се врати во првобитна состојба ние тоа ќе го направиме во најбрз можен рок.
вели градоначалникот.
360: Кој треба да одлучи?
-Доколку Јавното обвинителство најде било какви забелешки во делот на купопродажба во делот на доставување на самата дозвола или се останато, јас сум тука тоа во најбрз можен рок да го спроведам“,
Предметот за спорниот ДУП се уште во предистражна постапка
Очекувањата од Обвинителството за кои говори Герасимовски се темелат на иницијативата што ја поднесе Антикорупциската комисија пред повеќе од половина година. Основата беа неправилностите во носењето на ДУП-от за „Холидеј ин“, кој отстапува од параметрите на Генералниот план за Скопје.

„Бидејќи станува збор за многу комплексно прашање, затоа ја упативме иницијативата до Јавното обвинителство, очекувајќи дека тие ќе ја завршат својата работа, од аспект на својата надлежнсот и ќе донесат една времена мерка, која ќе трае се додека не се расчисти ситуацијата како што треба. Тоа би било најбезболно, и тоа да биде час поскоро донесена додека не настанале други материјални вложувања на местото, затоа што – кој ќе го плаќа тоа, ако дојде до рушење? Пак граѓаните“,
вели претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.
Но, предметот е се уште во предистражна постапка. Така е, велат од обвинителството, затоа што се работи за обемен материјал и период кој опфаќа мандати на двајца градоначалници. Додаваат дека сослушуваат сведоци и чекаат информации од МВР кое во два наврати барало продолжување на роковите за прибирање докази поради структурни промени во надлежната единица.
Сепак, антикорупционерите сметаат дека постапката се одолговлекува без потреба.

„Сето тоа е сублимирано во една папка. По пола страна на ден да читаа, ќе ја прочитаа папката, седум месеци по 30 тоа се 210 дена. Ова што се случува со Јавното обвинителство што седум месеци не може да излезе со свој став по нашето прашање, д да ви кажам, веќе фрла сомнеж за нивното непристрасно работење, бидејќи сме имале и претходно други случаи каде ЈО и многу побрзо реагирало“,
Антикорупциската комисија и Обвинителството не се согласуваат и за прашањето за стопирање на градбата. Во конкретниот случај, нема основа за такво нешто ниту во Законот за кривична постапка, ниту во Кривичниот законик, тврдат од истражниот орган.
велат од Јавното обвинителство.
„Барањето за времена мерка за забрана да се преземаат дејствија, да бидат извршени промени и градење на парцелата се поднесуваат во граѓанска постапка, па во таа насока, Ве упатуваме одговорот да го побарате од Државното правобранителство како надлежна институција за постапување во постапки за денационализација на државно земјиште, а кои се однесуваат на оваа градежна парцела“,
*Целиот одговор од Обвинителството може да го прочитате тука.
Од Државното правобранителство ни одговорија дека имало граѓанска постапка во која се барало стопирање на изградбата. Ја воделе физички лица кои полагаат право на делови од парцелата, пред нејзината денационализација. Тужбата до Граѓанскиот суд во Скопје ја поднеле на 4 мај 2021 година. Барањето за привремено стопирање на градбата било одбиено прво од Основниот, а на 7 октомври годинава и од Апелацискиот суд.
Така, велат од Државното правобранителство, судбината на случајот е во рацете на Општина Центар.
„Издавање на Одобрение за градење, вклучително и за оваа градежна парцела, е во исклучива надлежност на Општина Центар, вклучително и евентуално негова измена или поништување“,
велат од Државното правобранителство.
*Целиот одговор од Државното правобранителство може да го прочитате тука.
Ќе се спаси ли барем „Треска“?
Додека за просторот кај „Холидеј ин“ се чини извесна победата на интересот да се градат нови и големи згради во центарот на Скопје, како се уште да има надежи дека просторот кај поранешната фабрика „Треска“ ќе биде урбанизиран со помалку бетон и повеќе зеленило. И тука приказната е слична – откако Уставниот суд го укина мораториумот, на сила се врати стариот, спорен Детален план од 2012 година, со кој се предвидени 30 згради една до друга.

Во обид да го смени планот и на него да име повеќе јавен простор на сметка на станбените објекти, Општината летово спроведе јавен конкурс на кој пристигнаа три труда кои просторот го третираат поинаку.
Наместо 30 згради, со новите решенија треба да се најде простор и за јавни содржини, градинка, зеленило….
„Сите парцели имаат дел сопственост на РМ. Така што, по мене, би требало пред се, да се заштити тој јавен интерес, да се направи прераспределба која ќе ја пружи едно солидно решение, нормално, со почитување на сите интереси и на тој начин да се оствари можност овој комплекс да има доволно голем простор за јавни содржини“,
вели Миодраг Радоњиќ Бато – Претседател на Жири комисија за избор на идејно решение за „Треска“
Она што треба да следува е врз основа на конкурсните трудови да се направи нов урбанистички план за оваа локација. А, за тоа ќе треба компромис со инвеститорите.

„Се мисли дека приватниот интерес ќе биде загрозен. Не сум сигурен во тоа и не мислам така. Мислам дека приватниот интерес може со едно квалитетно, атрактивно решение со доста јавен простор да биде уште поатрактивно за идните купци и дека тоа ќе биде една солидна компензација во однос на тоа ако се изгуби некој квадрат“,
вели тој.
Но, дел од инвеститорите одамна најавија тужби доколку не им се дозволи да градат по стариот план, бранејќи се со веќе „стекнато право“. Како ќе постапат сега, не сакаа да коментираат. Во меѓувреме, и тие чекаат одобренија за градба, но и одговор на барањата за доокрупнување на парцелите.
Градоначалникот Герасимовски, сепак, се надева на компромис. Најавува дека ќе ги повика на состанок сопствениците на парцелите и ќе им ги презентира конкурсните решенија, со цел да се најде заеднички јазик каде и што да се гради.

„Кој гарантира дека во тој процес, додека се бара компромис, нема пак да надвладеат приватните интереси и да се направи план кој ќе се разликува од овие конкурсни решенија?
–Целосно никој не може да ни гарантира. Бараме начин и правни механизми за што повеќе да заштитиме јавен простор. Ако законот не притиска ќе мора да одлучуваме поинаку“,вели Герасимовски
А доколку нема брза акција за измени и носење нов план, пред да се издадат дозволи за градба, прашање на време е кога кај „Треска“ ќе никне првата од 30-те планирани згради.