Претставници на Секторот за сообраќајна полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења веќе се на пат за Бугарија и им стојат на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги, порача Спасовски
Tим на Министерството за внатрешни работи веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош, напиша министерот Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук при што изрази и сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во Бугарија, а во која загинаа најмалку 45 лица.
„Иако е тешко да се најдат зборови на утеха, во овие траорни мигови, сакам да порачам како пријател, како човек, дека не сте и никогаш нема да бидете сами, независно на ужасната тежина на моментот. По телефонскиот разговор со мојот бугарски колега Рашков, тим на Министерството за внатрешни работи предводен од помошник-директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на Секторот за сообраќајна полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења веќе е на пат за Бугарија и им стои на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги. Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби“,
напиша Спасовски.