Ни потврдија дека се наши граѓани. За седумтемина кои се во болница ни потврдија дека се во добра состојба. Одиме таму да се информираме за сите детали, изјави Заев утрово за ТВ21
Премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за надворешни работи Бујар Османи се веќе пред Софија каде што заминаа по веста за трагедијата со македонскиот автобус кој се запали на враќање од Истанбул.

„Се случи страшна трагедија на автопатот ‘Струма’ кон Благоевград. Македонски автобус се враќал од Истанбул, Турција – од екскурзија. Трагедијата е на раскрсницата кон едно помало место каде што од 53 патници во автобусот 46 се загинати на самото место, а 7 се во болница во Софија. Јас, министерот за здравство, министерот за надворешни работи сме веќе пред Софија, да ги посетиме болните и да дознаеме повеќе за несреќата. Жално е што има и помали од 18 години, 12 се деца, а и другите млади, страшна трагедија, огромна трагедија, сочувство за семејствата. Ни потврдија дека се наши граѓани. За седумтемина кои се во болница ни потврдија дека се во добра состојба. Одиме таму да се информираме за сите детали“,
изјави утрово Заев за ТВ21.