Филипче потсети дека соочени сме со огромен ризик во периодот што следи да имаме нов силен бран и тоа сериозно да ги загрози капацитетите во нашите болници
Четириесет и осум пациенти се испитаа од дијагностицираните во изминатите две три недели и кај ниту еден не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот, кој прави голем број случаи и хоспитализации во сите околни земји, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Сепак рече и дека не може да го запреме тој сој на вирусот за влезе во земјата.
Филипче потсети дека соочени сме со огромен ризик во периодот што следи да имаме нов силен бран и тоа сериозно да ги загрози капацитетите во нашите болници.
„И сега гледаме и од примерите во околните земји дека се хоспитализираат невакцинирани пациенти, што значи дека сега е вистински период граѓаните да сфатат колку е ова битно, сите чинители да дадат поддршка во овој процес за да за што пократко време се вакцинираат што поголем број граѓани за да избегнеме силно оптоварување на болниците“,
додаде Филипче.