Децата се на возраст од две и пет години, додека нивната мајка се здобила со полесни повреди
Две деца се тешко повредени во железничка сообраќајна несреќа во Битола, додека нивната мајка се здобила со лесни телесни повреди.
Незгодата, како што потврдија за МИА од „Железници на РСМ“, се случила во 8:06 часот изутрината во градското подрачје, во населбата Карпош, во непосредна близина на ОУ „Коле Канински“, каде што се судриле моторно возило и локомотива.
Во железничката сообраќајна несреќа повредени се деца на возраст од две и пет години, кои биле хоспитализирани во Клиничка болница-Битола, но здравствените власти посочуваат дека двегодишното дете ќе биде транспортирано на клиниките во Скопје.
СВР-Битола поведе истрага за овој случај.